ССК: Да се одложи примената на Законот за управување со отпад
Одложување на примената на Законот за управување со отпад бара групацијата на производители и преработувачи на кеси при Сојузот на стопански комори. Оттаму велат дека законот е донесен без консултација со приватниот сектор. Бараат да се укине надоместокот од 15 денари за една кеса. Имплементацијата на новото решение велат, ја погодува целата индустриска гранка, а се најавуваат откази и за вработените...

Одложување и измена на Законот за управување со отпад, бара Групацијата на производители и преработувачи на кеси при Сојузот на стопански комори. Посочуваат дека законот е донесен без консултација со приватниот сектор.
Од групацијата бараат да се укине надоместокот од 15 денари за ќеса. Тоа, велат е удар на производителите, трговците и граѓаните, во услови на криза и пандемија.
Од групацијата велат дека нарачките се откажуваат, се намалува обемот на работа. Најавуваат откази за вработените.
Производството на биоразградливи ќеси, бара зголемени инвестиции и обуки, а дадените роковите се кратки, велат производителите. Сметаат дека селекцијата и рециклирањето е најдобар начин за заштита на животната средина.
Со новиот Правилник за стандардите за биоразградливост употребата на оксобиоразградливи кеси останува до 1-ви јуни 2023-та, а потоа треба да бидат заменети со биоразградливи.
Дијана Ценевска
