Македонија

Пелагонискиот регион со голем потенцијал за дојдовен туризам

02.12.2021 15:30

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го затвори шестгодишниот проект за прекугранична соработка со регионот на северна Грција за зголемување на можностите за туризам преку искористување на постоечките ресурси. Велат задоволни се од интересот на странските тур оператори, а ефектите ќе се почувствуваат во следните години. Од 108,5 илјади евра што беа ставени на располагање на нашата страна, дури 96 проценти ги искористи Националниот парк Пелистер...

Регионалниот пристап е клучен за успешно позиционирање на туристичките мапи. Сработеното во шестгодишниот проект за прекугранична соработка со северните делови на Грција го трасира правецот за развој на дојдовниот туризам преку искористувањето на постоечките капацитети, велат туристичките работници. По мапираните потенцијали и нивното промовирање со најразлични алатки, за прв пат Пелагонискиот регион го посетија 17 европски тур-оператори. Впечатоците велат дека дојдовниот и алтернативниот туризам се провокација за нив.

Од 108-те илјади евра наменети за нашата страна 96 посто се вградени во Националниот парк Пелистер. Набавка на софтвери за следење на туристите, два софистицирани двогледи на атрактивни локации и маркирањето на 10 километарски велосипетски и пешачки патеки се само дел од новата понуда.

Експертите се убедени дека Пелагонискиот регион заедно со оној од северна Грција имаат идеални услови да одговорат на вкусовите на модерните европски туристи.

Стевче Митревски