Разубавете го дворот со пролетна градина
01.04.2014 10:49
Времето станува потопло, а денот подолг. Веќе не ви се седи внатре, а и во градината има доволно работа. Треба да ги подготвите растенијата за пролетта. Може да комбинирате бизнис со задоволство и да се спротиставате на пролетниот замор.
Првата работа надвор, кога времето ќе биде меко, прекопајте ја градината и исчистите ја. Важно е да се потхрани почвата, а за таа цел е најдобро да се користат органски ѓубрива. Сега е време да се засадат декоративните цвеќиња и дрвјата.

Добрите градинари не избрзуваат и оставаат некои активности за крајот на март, на пример ѓубрењето на тревата. Прскајте против плевели. За полесно може да ја поделите градината на неколку зони:
Декоративна
Започнете со грижата за леите за цвеќињата. Започнете со редовно ѓубрење и повторувајте на секои 4 до 6 недели се до септември. Хортензиите и рододендроните можете да ги подрежете.
Кај повеќегодишните растенија погледнете ја состојбата на почвата околу коренот. Ако растенијата имаат суви или овенати делови, треба да ги отстраните. Сега е моментот за луковични и новите листопадни дрвја и грмушки. Треба да посее семето на бегонијата, петунијата за да може да се создаде расад. Чувајте ги на температура од 18 до 22 степени.
Зеленчук и овошје
Сега се сее семето на моркови, марула, ротквици, спанаќ и ротквица. Внимавајте на штетници и напрскајте превентивно. Новите саксии можат да бидат поголеми, но само на ширина. Така растението ќе се развива нагоре, а нема да ги насочува своите сили кон кореновиот систем. Ако ги користите старите, измијте ги со топла вода и посипете по дното и ставете камчиња за да не се затне почвата отворите кои се наменети на одводот.