МВР: 132 сообраќајни прекршоци во Скопје
Изречени се осум мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за користење мобилен телефон, 28 за непрописно паркирање.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 132 санкции од областа на сообраќајот, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17, 10 санкции за возење без возачка дозвола, 23 прекршоци што ги чинат пешаците.
Изречени се осум мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за користење мобилен телефон, 28 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.
