Наградени шест автори на Конкурсот на меѓународниот фестивал за кратки книжевни форми

03.12.2021 09:49

Во шесте категории наградени се Натарија Неделкова од Бугарија за поезија, Фрањо Франчич од Словенија за проза, проф. д-р Милутин Ѓуричковиќ од Србија за драма, проф.д-р Саша Делиќ од Босна и Херцеговина за творештво за деца, и од нашата држава проф.д-р Виолета Николовска за есеј и проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска за критика.

Конкурсот на Meѓународниот фестивал за кратки книжевни форми во организацијана Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје финализираше со доделување на шест награди на автори од земјава и странство.

Во шесте категории наградени се Натарија Неделкова од Бугарија за поезија, Фрањо Франчич од Словенија за проза, проф. д-р Милутин Ѓуричковиќ од Србија за драма, проф.д-р Саша Делиќ од Босна и Херцеговина за творештво за деца, и од нашата држава проф.д-р Виолета Николовска за есеј и проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска за критика.

За наградите конкурирале повеќе од илјада творби од над 500 автори од земјава и странство.

Жирито кое одлучуваше за наградите беѓе во состав: проф. д-р Христо Петрески, проф. д-р Даниела Андоновска – Трајковска и Искра Пенева.

Избраните и наградените текстови се објавени во електронското издание „Современи кратки книжевни форми“, во издание на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје.