ГЕРМАНИЈА
Проштална церемонија на Ангела Меркел
03.12.2021 10:11
Канцеларската функција ќе ја напушти по 16 години владеење, следната недела, кога социјалдемократот Олаф Шолц ќе положи заклетва.

„Не толерирајте омраза“, порача Ангела Меркел на прошталната церемонија во Берлин на која присуствуваа сите членови на политичката елита, освен радикалната Алтернативи за Германија која не беше поканета.
Канцеларската функција ќе ја напушти по 16 години владеење, следната недела, кога социјалдемократот Олаф Шолц ќе положи заклетва.
Свеченоста се одржа во германското Министерство за одбрана поради пандемијата на коронавирусот.
