Здравство

Активни 8.050 ковид- случаи во земјава

03.12.2021 10:18

Активни ковид- случаи во државата има 8.050, од кои 3.835 се во Скопје, а над 300 активни имаат Битола (615), Прилеп (426), Велес (327), Кавадарци (307) и Охрид (302).

Во вчерашната статистика, според податоците на Институтот за јавно здравје, беа регистрирани 333 нови случаи на Ковид-19 од 2.440 тестирања, починаа 16 пациенти, најмладиот на 33 години, а 376 пациенти се оздравени.

Активни ковид- случаи во државата има 8.050, од кои 3.835 се во Скопје, а над 300 активни имаат  Битола (615), Прилеп (426), Велес (327), Кавадарци (307) и Охрид (302).

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.328, бројот на оздравени пациенти е 200.669, на починати е 7.609.