Автобуска несреќа во Бугарија

На Скопскиот аеродром се очекува пристигнувањето на посмртните останки на жртвите од несреќата во Бугарија

03.12.2021 10:07

Предвиено е церемонијата околу транспортот на телата на Скопскиот аеродром да почне околу 11 часот. Можно е извесно пролонгирање на слетувањето на авионите поради временските услови.

За околу еден час се очекува да пристигнат двата авиона од Бугарија со посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа што се случи на 23-ти ноември.

Предвиено е церемонијата околу транспортот на телата на Скопскиот аеродром да почне околу 11 часот. Можно е извесно пролонгирање на слетувањето на авионите поради временските услови.

Ќе присуствуваат претрседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на Исламската верска заедница. Најавено е присуство и на странски делегации.

Сообраќајната несреќа се случи на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ од Скопје се враќал од Истанбул. Загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени.