МВР
Приведенo лице од скопско поради истрага за неовластено поседување оружје
03.12.2021 10:44
Тој бил приведен по наредба на Основното јавно обвинителство, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода З.А.(66) од с.Брест, општина Чучер Сандево.
Тој бил приведен по наредба на Основното јавно обвинителство, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка.
