Свет
Нови санкции за физички и правни лица од Белорусија
03.12.2021 10:32
Покрај функционерите, казнета е и државната авиокомпанија „Белавија“, која се обвинува за трансфер на мигранти како тактика за дестабилизација на европските земји.

Соединетите Американски Држави, Европската Унија, Обединетото Кралство и Канада воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица.
Покрај функционерите, казнета е и државната авиокомпанија „Белавија“, која се обвинува за трансфер на мигранти како тактика за дестабилизација на европските земји.
Западните земји тврдат дека Минск е организатор на мигрантските карвани кои ја преплавија границата со Полска и Литванија.
