Македонија

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

03.12.2021 11:38

Двата авиона од Софија пристигнаа, а останките на 45-те жртви од трагичната автобуска несреќа која на 23-ти ноември се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија, во моментов ги пречекува висока државна делегација...

Двата авиона од Софија пристигнаа, а останките на 45-те жртви од трагичната автобуска несреќа која на 23-ти ноември се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија, во моментов ги пречекува висока државна делегација.

Присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница.

Полетувањето на авионите доцнеше поради лошите временски услови.

МРТ врши пренос во живо од церемонијата.