Алтернатива го одложи состанокот, утре ќе одлучува за влез во владата
Африм Гаши ќе го информира партискиот совет за досегашниот тек на разговорите со премиерот Заев и евентуалниот влез на партијата во владата и окрупнување на владеачкото мнозинство.
Алтернатива го одложи состанокот на Централниот совет за в сабота поради доаѓање на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа – информираа од партијата.
Африм Гаши ќе го информира партискиот совет за досегашниот тек на разговорите со премиерот Заев и евентуалниот влез на партијата во владата и окрупнување на владеачкото мнозинство.
Засега не се откриваат детали колку во Алтернатива се задоволни од разговорите, но на последната средба во средата Гаши изјави дека напредок има.
Според информациите засега сѐ уште во разговорите не се тема кадровските решенија и со колку министерски места би учествувала во владата, доколку се постигне договор..
