Вардар и Металург во пресрет на ждрепката за четвртфиналето во ЛШ

01.04.2014 11:01

Никогаш порано во Македонија не владеел толкав интерес за ждрепката за четвртфиналето во ракометната Лига на шампионите, како што е тоа во последниве два дена. Ако лани во истата фаза беше Металург, сега имаме два претставника меѓу 8 најдобри на континентот, што Македонија ја прави втора европска нација, зад Германија. По фантастичната победа на Вардар против европскиот шампион Хамбург, нашиот шампион му ја презеде носителската улога на фаворитот, и ја очекува ждрепката во која на листата на привилегирани се уште Барселона, Кил и Веспрем.

Никогаш порано во Македонија не владеел толкав интерес за ждрепката за четвртфиналето во ракометната Лига на шампионите, како што е тоа во последниве два дена. Ако лани во истата фаза беше Металург, сега имаме два претставника меѓу 8 најдобри на континентот, што Македонија ја прави втора европска нација, зад Германија. По фантастичната победа на Вардар против европскиот шампион Хамбург, нашиот шампион му ја презеде носителската улога на фаворитот, и ја очекува ждрепката во која на листата на привилегирани се уште Барселона, Кил и Веспрем. Противник на еден од овие клубови ќе биде Металург, кој е во вториот “шешир“ заедно со бундеслигашите Флензбург и Рајн Некар, како и ПСЖ.

Како што е најавено, извлекувањњето на четвртфиналните двојки ќе биде во 12.15 часот во Виена, а една од можните комбинации во следната рунда е и македонска пресметка, во која би се сретнале Металург и Вардар. доколку тоа се оствари, Македонија сигурно ќе има свој клуб на “Фајнал фор“ во Келн.