Лицата со попреченост сѐ уште се соочуваат со бариери
Во однос на образованието и социјалните услуги има мал напредок, но сѐ уште лицата со попреченост се среќаваат со бариери. И не само физички или архитектонски, туку и со бариери во комуникацијата. Не помалку се присутни стереотипи и дискриминаторски став кон овие лица...

За жал, и после 30 години независност во државата недостига разбирање за лицата со попреченост. Перцепцијата се сведува само на рампите, а и тие веќе не се тоа, вели Јулијана Климовска од невладината „Полиоплус“.
Во однос на образованието и социјалните услуги има мал напредок, но сѐ уште лицата со попреченост се среќаваат со бариери. И не само физички или архитектонски, туку и со бариери во комуникацијата. Не помалку се присутни стереотипи и дискриминаторски став кон овие лица, велат од институцијата Народен правобранител.
Народниот правобранител уште пред две години ги вклучи невладините во процесот на мониторирање на спроведувањето на Меѓународната конвенција за заштита на правата на лицата со попреченост. Сега таа соработка ја официјализираа со потпишување и меморандум.
Фиљана Кока
