Димитров: Време е за почеток на пристапните преговори
Време е за почеток на пристапните преговори по 12 препораки и одложувања, истакна вицепремиоерот за европски прашања на Националниот совет за евроинтеграции. Пратениците согласни дека почетокот на преговорите е потребен за забрзување на реформите за приближување кон ЕУ...

Време е за почеток на пристапните преговори по 12 препораки и одложувања, истакна вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции. Во Собранието посочи дека извештајот одново покажа напредок, но и дека реформите пред сѐ ги правиме за усвојување на европските стандарди кај нас.
Пратениците согласни дека почетокот на преговорите е потребен за забрзување на реформите за приближување кон ЕУ.
Ново вето на почетокот на преговорите ќе го намали кредибилитетот на ЕУ и ќе ја зголеми замореноста од реформите кога целта не е достапна, заклучија во Националниот совет за евроинтеграции.
Ирина Гелевска
