Деспотовски влезе во трката за лидер на СДСМ
Според Деспотовски, повеќето кандидатури го покажуваат демократскиот капацитет на партијата, но и дека има луѓе што се подготвени во комплицирано време да понесат одговорност и да се справат со предизвиците.

Јован Деспотовски, директорот на ТИРЗ и член на СДСМ и официјално до партијата ја доставил својата кандидатура за партиски лидер. Тој, покрај Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Властимир Алексовски е четвртот кој поднесе кандидатура за челната позиција во Социјал- демократскиот сојуз на Македонија.
Според Деспотовски, повеќето кандидатури го покажуваат демократскиот капацитет на партијата, но и дека има луѓе што се подготвени во комплицирано време да понесат одговорност и да се справат со предизвиците.
Најава дека ќе поднесе кандидатура има и од Миле Зечевиќ.
Рокот за поднесување на кандидатури за иден претседател на СДСМ истекува денеска во 16 часот. Онлајн изборите во СДСМ се закажани за 12-ти декември.
