Ковид-19

Интересот за вакцинација во тетовско сѐ уште на ниско ниво

03.12.2021 14:24

Интересот за вакцинација во тетовско сѐ уште на ниско ниво, споредено со изминатово лето. Здравствените работници апелираат граѓаните да се имунизираат, новиот бран гледајќи го искуството од соседните земји, ни тропа на врата...

Поради намалениот интерес за имунизација вакциналниот пункт во Центарот за култура во Тетово се затвори, процесот на вакцинација сега се одвива во просториите на Здравствениот дом Тетово. На дневна основа се инјектираат до 300 дози, што е пет пати помалку за разлика од пред неколку месеци.

Поголем дел од тетовци,  пак кои денес се имунизираат веалт дека ја примаат вакцината, оти е услов за да ги поминат границите.

Вакцината се прима пред сѐ заштита на сопственото здравје, но има и доста кои се имунизираат поради мерките и забраната за излез од земјава без вакцина. Особено младите веруваат во теории на заговор и разни вакцинални дезинформациии, велат здравствентие работници.

Вакцини има доволно, а граѓаните можат без термин да се имунизираат.

Зоран Димовски