На плоштадот „Скендер бег“ граѓани им оддаваат почит на загинатите во автобуската несреќа
Од Меѓународниот аеродром Скопје, со државен протокол, посмртните останки беа предадени на семејствата. На плоштадот „Скендер бег“ граѓани им оддаваат последна почит на загинатите и положуваат цвеќиња...

Роднини, пријатели, граѓани, дојдоа на плоштадот „Скендер бег“ кадешто беа положени венци за последен пат да се простат и да оддадат почит на трагично загинатите во автобуската несреќа во која прерано згаснаа и детски животи.
Сликата траорна, тага, бол и солзи во очите за несреќно загинатите во автобусот на „Беса Транс“ што изгоре во Бугарија. Граѓаните порачаа- човековиот живот нема цена . Да останеме заедно во тешките моменти без оглед на се и без разлика на верската националност, велат.
Поворката со посмртните останки на барање на семејствата од Меѓународниот аеродром Скопје, продолжи кон домовите на загинатите, од кадешто починатите ќе бидат пренесени до вечните почивалишта.
Дијана Ценевска
