69% од позитивните со Ковид-19 и 79% од починатите се невакцинирани
Од вкупниот број починати со Ковид- 19, 79% биле невакцинирани, а 21% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Во период од 6-ти август до 2-ри декември годинава, на територија на државата 60.772 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид- 19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 19.025 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19.
Според статистика за изминативе месеци, 41.747, граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
Од вкупниот број починати со Ковид- 19, 79% биле невакцинирани, а 21% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет- велат од ресорот здравство.
