Последен оглас за легализација на узурпирано земјиште
Објавен е последниот повик за легализација на долгогодишните насади кои земјоделците ги обработуваа без регулиран закуп. Сите кои сакаат да ги задржат лозјата и овоштарниците на државно земјиште ќе мораат да имат писмен договор.

Со последниот јавен повик за закуп на земјодеклото земјиште завршува легализацијата на узурпираното државно земјиште.
Сите што имаат долгогодишни насади,овоштарници и лозје, ќе мораат да имаат и договори за закуп.
Право на учество имаат домашни физички и правни , и странски правни лица.
Изборот на најповолен понудувач се врши врз основа на највисока понудена закупнина, материјално техничката опременост и бројот на планираните вработувања.
Минималната цена на закупот во разни општини се движи од 1.600 до 9.000 денари за хектар
Земјоделците кои користат државно земјиште без писмен договор, односно узорпаторите, според законот ќе бидат парично казнувани од 2 до 4.000 евра.
Досега се објавени 17 повици на кои се доделени 3.700 хектари.
