Политика

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар во посета на земјава

05.12.2021 17:27

Се очекува да оствари средби со претседателот Стево Пендаровски и со други водечки функционери. Веста ја соопшти Aмериканската амбасада во Скопје.

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар во посета на земјава. Се очекува да оствари средби со претседателот Стево Пендаровски и со други водечки функционери. Веста ја соопшти Aмериканската амбасада во Скопје.

„Го поздравуваме пристигнувањето на специјалниот претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, во Скопје. За време на посетата, ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери да разговараат за повеќе теми и заеднички приоритети за регионот“- пишува во објавата.