Здравство

276 нови случаи со Ковид-19, починати пет лица

05.12.2021 17:40

Вкупната бројка на Ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301,бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086.

Во последните 24 часа направени се 2.720 тестирања, а регистрирани се 276 новислучаи на Ковид-19 во Скопје – 130, Битола – 35, Прилеп – 17, Охрид – 14, Куманово – 13, Штип – 10, Кавадарци – 9, Струмица – 7,Крива Паланка – 6, Тетово – 5, Кочани, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Велес и Ресен – по 3, Гевгелија, Неготино и Богданци – по 2, Гостивар, Кичево, Струга,Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 249 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа починале пет лица- 2 починати лица од Скопје (82г и 82г), по едно починато лице од Свети Николе (68г), Кратово (88г)и Демир Хисар (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид- 19 од Мој Термин, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Двелица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Вкупната бројка на Ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301,бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086.

Досега во земјата се направени вкупно 1.484.645 тестирањана Ковид-19.