Солзите ни го чуваат здравјето

01.04.2014 11:18

Со плачење можеме да се ослободиме од стресот и негативните емоции кои се собрани во нас, и поради тоа и некои други факти солзите се добри.Мембраната на окото може да биде дехидрирана и исушена, поради што се јавуваат проблеми со видот, а сликата едноставно е замаглена. Кога плачеме солзите и обезбедуваат влажност на мембраната и на тој начин го олеснуваат и подобруваат видот.Како што се „природни жители“ на секој дел од нашето тело, така бактериите се наоѓаат и во очите.

Со плачење можеме да се ослободиме од стресот и негативните емоции кои се собрани во нас, и поради тоа и некои други факти солзите се добри.Мембраната на окото може да биде дехидрирана и исушена, поради што се јавуваат проблеми со видот, а сликата едноставно е замаглена. Кога плачеме солзите и обезбедуваат влажност на мембраната и на тој начин го олеснуваат и подобруваат видот.Како што се „природни жители“ на секој дел од нашето тело, така бактериите се наоѓаат и во очите. За да не се размножат и станат проблем, солзите стигнуваат во помош, бидејќи дејствуваат како природен антибиотик. Тие содржат течност наречена лисозом, која може да уништи до 95 отсто од бактериите во очите за само пет минути.Кога сте вознемирени или под стрес, хемикалиите се дисбалансирани и се собираат, а плачењето помага во нивно намалување. Се вели дека лицето кое плаче кога е под стрес е во помала мерка депресивна. Емоционалните солзи исто така испуштаат хормони, како што е адренокортикотроп и леуцин енцефалин, кои го намалуваат влијанието на стресот врз телото. Во своето истражување доктор Фреј утврдил дека „нормалните солзи“ содржат 98 отсто вода, а емоционалните солзи содржат хормони на стрес, кои телото ги испушта за да се ослободи од вишокот токсини.