Филмот „Исчезнатиот" на Арбен Тачи награден на фестивал во Швајцарија
Ова е веќе трета награда за „Исчезнатиот“ која следи после наградата на Арбен Тачи за најдобар дебитантски режисер на Фестивалот на независен филм во Монтреал- Канада и по наградата за најдобра фотографија со која беше награден директорот на фотографија Владимир Самоиловски на Филмскиот фестивал во Анадолија.

Награда за најдобар странски филм доби „Исчезнатиот" на режисерот Арбен Тачи на Интернационалниот фестивал во Швајцарија.
Како директор на фотографија се јавува Владимир Самоиловски, монтажата е на Благоја Неделковски и Шпетим Амети. Музиката за филмот е на Тримор Доми, дизајнот на звук на Дарко Спасовски, сценографијата на Билгаип Кочишта, а костимите на Албулена Боровци.
Ова е веќе трета награда за „Исчезнатиот“ која следи после наградата на Арбен Тачи за најдобар дебитантски режисер на Фестивалот на независен филм во Монтреал- Канада и по наградата за најдобра фотографија со која беше награден директорот на фотографија Владимир Самоиловски на Филмскиот фестивал во Анадолија.
Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и со малцинско учество од Центарот за кинематографија на Косово и Националниот кинематографски центар на Албанија.
