Свет
Мјанмар: Су Чи осудена на четири години затвор, може да добие и доживотна казна
06.12.2021 09:55
Прогласена е за виновна по обвиненијата за поттикнување на бунт и прекршување на правилата за ковид во рамките на законот за природни катастрофи.

Поранешната лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи е осудена на четири години затвор, што е прва од серијата пресуди со кои може да добие и доживотна затворска казна.
Прогласена е за виновна по обвиненијата за поттикнување на бунт и прекршување на правилата за ковид во рамките на законот за природни катастрофи.
76-годишната политичарка се соочува со 11 обвиненија, но таа ги отфрла сите.
Су Чи беше во домашен притвор од февруари кога војската изврши државен удар.
