Над шест илјади активни ковид- случаи во земјава
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 217.301, бројот на оздравени пациенти е 203.574, додека бројот на починати е 7.641.

Според последните податоци на Министерството за здравство, бројот на активни ковид- случаи во земјава изнесува 6.086. Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 217.301, бројот на оздравени пациенти е 203.574, додека бројот на починати е 7.641.
Последната статистика покажува дека од 2.720 тестирања, регистрирани се 276 новислучаи на Ковид-19, од кои речиси половината се во Скопје. Регистрирани сe 249 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа починале пет лица. Дополнително, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид- 19 од Мој Термин, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021.
Досега во земјата се направени вкупно 1.484.645 тестирањана Ковид-19.
