Енергетика
Почнува градбата на топловодот до Битола
06.12.2021 10:24
Со ова ќе се овозможи искористување на топлинската енергија што се произведува во комбинатот за загревање на домаќинствата, и на јавните и стопанските објекти на територијата на Битола.

Напладне почнува градбата на топловодот што ќе ги поврзува РЕК Битола и градот Битола, со околните општини.
Со ова ќе се овозможи искористување на топлинската енергија што се произведува во комбинатот за загревање на домаќинствата, и на јавните и стопанските објекти на територијата на Битола.
На настанот ќе се обратат министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
