Автобуска несреќа во Бугарија

Македонските власти ќе одговорат на секое барање на истрагата во Бугарија

06.12.2021 12:08

Македонските власти ќе одговорат на секое барање на истрагата во Бугарија за несреќата на автопатот „Струма“ каде загинаа 45 наши државјани. Бугарските истражители велат дека условите на патот не биле причина за трагедијата, но влијаеле на неа. Во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот, најавено е формирање нова Агенција за безбедност на патишта.

Сè уште трае истрагата за сообраќајната несреќа во Бугарија со 45 жртви, во којашто целосно изгоре автобусот на „Беса транс“. Се проверува која институција затаи. Надлежните уверуваат дека ќе одговара секој кој направил пропуст. Надминати се проблемите со полагањето и издавањето сертификатите за возачи.

Истражителите во Софија сооштија дека условите на патот не биле причина за трагедијата, но имале влијание. Тоа го отвори прашањето по какви патишта се вози и кај нас. Министерот Бочварски уверува дека инфраструктура се подобрува, се градат повеќе автопати и се прави рехабилитација на други делници. Деновиве треба да биде изгласан законот за да продолжи изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Од Европската унија велат дека европските патишта се најбезбедни.

Кај нас, во завршна фаза е формирањето Агенција за безбедност на патишта. Предлог- законот е веќе готов.

 

Дијана Ценевска