НАСА: Идниот викенд астероид ќе влезе во Земјината орбита

06.12.2021 10:51

„4660 Нереј“ ќе биде на растојание од 3,86 милиони километри, што е 10 пати повеќе од одалеченоста на Земјата од Месечината, што според космичките стандарди, е само на чекор до нашата планета.

Идната сабота, во Земјината орбита ќе влезе астероид со големина на Ајфеловата кула. Според НАСА, ова небесно тело долго 330 метри ќе се движи со брзина од 23.700 км на час.

„4660 Нереј“ ќе биде на растојание од 3,86 милиони километри, што е 10 пати повеќе од одалеченоста на Земјата од Месечината, што според космичките стандарди, е само на чекор до нашата планета.

Според Астерант, базата на податоци која надгледува над 600 илјади астероиди, овој содржи никел, железо и кобалт во вредност од 4, 71 милијарди долари.