Магдонос за здравјето

01.04.2014 11:21

Оваа мала медитеранска билка стара околу 2000 години во себе содржи големо количество на витамини кои го јакнат имунитетот , коските и нервниот систем.Магдоносот е особено богат со витамин Ц и железо, поради што е особено користен за оние кои патат од анемија и постојан замор.

Оваа мала медитеранска билка стара околу 2000 години во себе содржи големо количество на витамини кои го јакнат имунитетот , коските и нервниот систем.Магдоносот е особено богат со витамин Ц и железо, поради што е особено користен за оние кои патат од анемија и постојан замор. Тој поволно влијае на крвните клетки, подобрувајќи ја еластичноста на крвните садови.Сокот или чајот од магдонос е одличен за оние кои имаат проблеми со песок или камен во бубрег, бидејќи оваа билка има и диуретички својства, олеснувајќи го исфрлувањето на течности во организмот. Истражувањата покажуваат дека со помош на свежиот, чист сок од магоднос можете сами да го исфрлите каменот или песокот од бубрезите без лекарска интервенција . Со помош на магдоносот можете да го решите и проблемот со гасовите. Се препорачува чист сок од оваа билка измешан со друг сок, кој ќе се пие голтка по голтка, но никако одеднаш бидејќи така може само да ја влоши состојбата.Покрај тоа, магдоносот е одличен и против бактериите и во однос на проблемите со уринарниот тракт.