Македонија

Николовски: Дигитализацијата на процесите меѓу институциите ќе заврши до 1-ви јули

06.12.2021 14:52

Повеќето институции сѐ уште работат само со хартија. Да го земеме примерот со автобусот кој доживеа трагична несреќа во Бугарија. Со дигитализацијата, лесно ќе се видеше дали има сертификат и лиценца. По тоа се гледа колку се неповрзани институциите, рече на брифингот со новинарите Николовски.

Дигитализацијата на процесите меѓу институциите ќе заврши до 1-ви јули следната година, тврди  вицепремиерот за корупција Љупчо Николовски. 20 милиони евра ќе бидат потребни за тоа, и доколку е потребно тој ќе побара ребаланс на буџетот по првите три месеци во 2022-ра.

Повеќето институции сѐ уште работат само со хартија. Да го земеме примерот со автобусот кој доживеа трагична несреќа во Бугарија. Со дигитализацијата, лесно ќе се видеше дали има сертификат и лиценца. По тоа се гледа колку се неповрзани институциите, рече на брифингот со новинарите Николовски.

Тој  посочи дека борбата со корупцијата во јавните набавки почнува со модулите  за јавните набавки од декември и регистрите на цени до крајот на првата половина на 2022-ра, за да нема тендери за јавни набавки во кои еден ист производ, односно услуга, се купува по различни цени.

Вицепремиерот Николовски посочи дека ќе има нови 71 вработување и 17 унапредувања во Јавното обвинителство за борба против корупцијата за да може да се справува со предизвиците и потешкотиите.

Законот за конфискација на имот како и Законот за потекло на имот се пред донесување, а ќе се спроведе и проект во кој агент-граѓанин ќе оди низ институциите и ќе истражува кои се пропусти и слабости се јавуваат при давањето услуги од институциите.  

 

Фиљана Кока