Политика

ДУИ: Со нов коалициски партнер нормално е да се направат отстапки

06.12.2021 15:03

Сега ДУИ откако го даде информатичко општество, влегува со министер во земјоделство. Нов момент претставува ретерирањето во ставот дека оставката на Заев е избрзан потег...

Откако Заев и Гаши ја договорија коалицијата и алтернативците добија покрај трите министерства и значаен број директорски места, од ДУИ коментираат дека знаеле сè за договорот, и дека со нов коалициски партнер нормално е да се направат отстапки. Сега ДУИ откако го даде информатичко општество, влегува со министер во земјоделство. Нов момент претставува ретерирањето во ставот дека оставката на Заев е избрзан потег.

Доскорешниот партнер на Алтернатива, Алијанса за Албанците изненадени од леснотијата со која ја раскинале соработката со нив. Партиските органи на Алијанса ќе разгледуваат дали на локално ниво ќе продолжи соработката со алтернативците.

ВМРО – ДПМНЕ пак на локално ниво ја очекуваат поддршката од Алтернатива за нивните проекти.

За генералниот секретар на Социјалдемократите и министер во владата, Љупчо Николовски, воопшто не е битно што опозицијата бара предвремени избори. Вели, коалицијата ќе продолжи во следните две и пол години да го трансформира општеството и да носи европски вредности.

Миле Ристески