Протест на стоматолозите специјалисти
Зголемување на цената на услугите што ги даваат стоматолозите специјалисти, да се одвојат трошоците за забна техника од буџетот на специјалистите, заботехничките лаборатории да имаат посебен договор со Фондот за здравство, се дел од барањата на специјалистите стоматолози, кои денеска протестираа пред Министерството за здравство. Велат, дека од 2007-ма година, се заборавени од ресорното министерството, а тие се и меѓу најпогодените со ковид пандемијата...

Зголемување на цената на услугите кои ги даваат стоматолозите специјалисти, да се одвојат трошоците за забна техника од буџетот на специјалистите, заботехничките лаборатории да имаат посебен договор со ФЗОМ, ова се дел од барањата на специјалистите стоматолози, кои протестираа пред Министерството за здравство.
Бараат формирањето на цените на услугите на стоматолозите специјалисти да бидат според минималната или просечната плата во државата, планирањето на буџетот да биде квартално за да можат стоматолозите да користат годишен одмор или боледување. Своите барања ги презентираа пред министерот за здравство Филипче.
Од здруженијата регираат, во некои градови во земјава нема специјалисти стоматолози.
Наташа Јанчиќ Менковски
