Откупот на тутун почна со големи очекувања
Годинашнава реколта е помала, договори има за 22.200 тони за квалитетен род. Очекувањата се големи. Поверениците и инспекторатот да бидат на теренот...

Тутунарите со нови надежи се пред вагите. Почна откупот на тутунот, се проценуваат годинашниов труд и маката. Родот е квалитетен, нема да биде како лани, очекуваат добро да се плати.
Вратите на пункотивте ги отворија Прилепскиот комбинат, Сокотаб од Битола, Алијанса од Кавадарци.
Од 173 пункта во државава се отворени 20-тина, главно во Прилепскиот регион. За една недела треба да отворат сите осум компании. Годинашнава реколта е помала, договори има за 22.200 тони за квалитетен род. Очекувањата се големи. Поверениците и инспекторатот да бидат на теренот.
Од осум, седум откупувачи имаат обезбедено средства, деновиве и уште една фирма. Сите треба да ги отворат пунктовите до 15-ти декември, а откупот трае до крајот на март.
Елизабета Митреска
