Енергетска криза

ЕСМ ги направи анализите, се очекува одлука за препорачана цена на струјата

06.12.2021 16:15

АД ЕСМ до владата ги поднесе темелно направените анализи. Деновиве на една од затворените седници владата ќе ја утврди препорачаната цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потошувачи. Со новиот план за идната година од државните електрани велат дека наместо законските 60% кон ЕВН Хоум, да испорачуваат сто проценти електрична енергија и оваа компанија нема да набавува дополнителни количества на електрична енергија...

Во колкави количини ќе ја имаме и која ќе биде новата цена на енлектричната енергија и понатаму се прашањата што се во фокусот  во поглед на енергетската криза.

Од АД ЕСМ велат дека се направени темелно сите анализи и испратени до владата која неделава на една од затворените седници треба да донесе одлука за препорачана цена за количините кои компанијата ќе ги испорачува кон ЕВН Хоум, универзалниот снабдувач за малите потрошувачи и домаќинствата. Од државните елекрани со план идната година кон универзалниот снабдувач да се испорачува значително повеќе  од законски утврдените  60%.

За исполнување на овој план потребни се и стабилни производствени капацитети. Оптимизмот, велат го коваат на тоа што во функција со полн капацитет е ТЕЦ Осломој, а охрабрува и веста дека до крајот на годината во функција ќе биде ставен опожарениот трансформатор на третиот блок во РЕК Битола. Ковачевски вели дека отстранети се и сите аномалии на ТЕЦ Неготино и се чека испораката на 38-те илјади тони мазут.

Инаку во рамките на зелената агенда денес во РЕК Битола беше означен почетокот на изградбата на топловодот. Проектот за кој досега многу е зборувано според најавите треба да биде готов за две години и да донесе голем енергетски бенефит за пелагониските општини.

Стевче Митревски