Политика

Заев ќе ги информира владините партнери за договорот со Алтернатива

06.12.2021 16:37

Средбата со претставници на политичките партии од владината коалиција ќе се одржи во Владата во 18 часот. Изјави не се предвидени, а по средбата ќе има владино соопштение.

Премиерот Зоран Заев вечер на заедничка средба ќе ги информира партиите од владината коалиција за договорот за влегување на Алтернатива во Владата. Средбата со претставници на политичките партии од владината коалиција ќе се одржи во Владата во 18 часот. Изјави не се предвидени, а по средбата ќе има владино соопштение.

Парламентарно мнозинство од 64 пратеници и нов состав на Владата во која Алтернатива ќе има тројца министри и тројца заменици-министри. Тоа е постигнато со договорот оваа партија да биде дел од владејачката коалиција. Лидерот Африм Гаши вчера потпиша програма за заедничко дејствување и приклучување во Владата со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, кој заминува од двете функции.

Партиската ќе ја напушти со конгресот на партијата на 12-ти декември, кога ќе биде избран негов наследник на чело на СДСМ, а од премиерската – за неколку недели односно кога ќе стане извесен успешниот епилог на процесот за почеток на преговорите за членство во ЕУ, односно наоѓање решение со Бугарија.