Крушево

Изложба на икони во спомен куќата „Тодор Проески“

07.12.2021 09:04

Во спомен куќата „Тодор Проески“ се одржува изложба на икони од авторот Григориј Пецанов, зограф од Струмица...

Во спомен куќата „Тодор Проески“ се одржува изложба на икони од авторот Григориј Пецанов, зограф од Струмица. Изложбата ја посети и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој од авторот беше запознаен со мотивот и суштината на изложбата.

„Се повеќе настани се организираат во Крушево. Имаме различни културни, но и едукативни настани како овој. Честитам на господинот Пецанов и благодарност за одржување на оваа изложба во Крушево“, изјави градоначалникот Христоски.

Покрај овој настан тековна е хуманитарната акција за собирање на финансиски средства во знак на хуманоста на Тоше Проески. Кутија за донации е поставена на влезот од спомен куќата и акцијата трае до 25-ти јануари, денот на раѓање на Тоше. Средствата ќе се донираат во хуманитарни цели.