Видео состанок меѓу Бајден и Путин
Се очекува Бајден да ја изрази загриженоста на САД поради руските активности и повторно да ја потврди американската поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, ни и да ги истакне тешките економски последици со кои ќе се соочи Русија доколку ја нападне.

Претседателите на Русија и на САД, Путин и Бајден на состанок преку видео врска ќе се обидат да ја надминат големата меѓусебна недоверба, која, според САД е загрозена од можната руска инвазија на Украина.
Се очекува Бајден да ја изрази загриженоста на САД поради руските активности и повторно да ја потврди американската поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, ни и да ги истакне тешките економски последици со кои ќе се соочи Русија доколку ја нападне.
Кремљ негира каква било инвазија тврдејќи дека ги движи силите низ своја територија исклучиво за одбранбени цели. Москва се противи на влезот на Украина во НАТО и ќе бара обврзувачки правни гаранции што го спречуваат проширувањето на НАТО во Украина – која е црвена линија за Русија.
Ова исто така ќе биде едно од прашањата што ќе се разговара- велат советниците на рускиот претседател.
