Почнува сезоната на изнајмување велосипеди во Скопје

01.04.2014 11:44

Оваа година на граѓаните ќе им бидат на располагање вкупно 220 велосипеди, од кои 90 се нови...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека денеска /01.04.2014 година, вторник/ почнува сезоната за изнајмување велосипеди, на пунктовите на ЈП „Градски паркинг“. Оваа година на граѓаните ќе им бидат на располагање вкупно 220 велосипеди, од кои 90 се нови.
 
Во оваа петта сезона по ред, велосипеди ќе се изнајмуваат на пунктовите кај ТЦ „Бисер“ во Аеродром, кај Градската болница, кај болницата „8. Септември“, кај „Треска“ и на новоотворениот пункт кај катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј.
 
Велосипеди може да се изнајмуваат од 7 до 23 часот, секој ден, по цена од 10 денари за час.
 
Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат велосипедите, да не ги оштетуваат при нивното користење и да ја почитуваат патната сигнализација.