Сирија: Израелски авиони истрелаа проектили врз Латакија
Според сириските медиуми, во пристаништето се слушнале пет експлозии, по што избил огромен пожар. Ова е редок напад врз пристаништето Латакија- витален објект каде што голем дел од увозот од Сирија се внесува во земјата разурната од војна.
Сириската војска соопшти дека израелски воени авиони истрелале проектили врз пристаништето во крајбрежниот град Латакија. Во нападот нема човечки жртви.
Според сириските медиуми, во пристаништето се слушнале пет експлозии, по што избил огромен пожар. Ова е редок напад врз пристаништето Латакија- витален објект каде што голем дел од увозот од Сирија се внесува во земјата разурната од војна.
Израелската војска остана без коментар иако во минатото главни цели на напади беа базите на милициите кои се сојузници на Иран, како што е либанската група Хезболах, која има борци распоредени во Сирија.
