Активни 5.775 ковид- случаи во земјава
Според податоците на Министерството за здравство, досега во земјата направени се вкупно 1.485.944 тестирања. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, а бројот на оздравени пациенти е 203.967. Починати се 7.658 пациенти.

Во текот на вчерашниот ден, беа регистрирани нови 101 случај на заболени од Ковид-19, од направени 1.299 тестирања. Починале 13 лица, а оздравени се 393 пациенти.
Според податоците на Министерството за здравство, досега во земјата направени се вкупно 1.485.944 тестирања. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, а бројот на оздравени пациенти е 203.967. Починати се 7.658 пациенти. Бројот на активни случаи е 5.775.
Иако во државите низ светот забрзано се шири Омикрон сојот на коронавирусот, кај нас засега не е регистриран ниту еден случај. Доминантен останува Делта сојот.
Надлежните повикуваат на помасовна вакцинација, која претставува единствениот излез од пандемијата.
