Свет

Индонезија: Потрагата продолжи, бројот на жртви зголемен

07.12.2021 10:45

Во ерупцијата загинаа најмалку 22 лица, а уште 27 се водат за исчезнати.

Тело на 13-годишно момче беше извлечено од спасувачките екипи во Индонезија кои ја продолжија потрагата по саботната ерупција на вулканот на Јава.

Телото на момчето беше пронајдено во најпогодената област- селото Самбервулух.

Во ерупцијата загинаа најмалку 22 лица, а уште 27 се водат за исчезнати. Напорите за пребарување и спасување привремено беа прекинати поради обилните дождови.