Свет
Силно невреме предизвика хаос на Хаваи
07.12.2021 09:48
Властите предупредуваат дека бурата ќе биде уште поекстремна во наредните денови.

Силни ветрови и екстремно обилен дожд ги поплави патиштата и урна далноводи и дрвја низ Хаваите. Властите предупредуваат дека бурата ќе биде уште поекстремна во наредните денови.
На Мауи, веќе се забележани прекини на електрична енергија и поплави, додека градоначалникот на големиот остров прогласи вонредна состојба.
