„Газпром“ ќе ја зголеми цената на природниот гас за Украина
Најголемиот руски производител на природен гас, компанијата „Газпром“, денеска соопшти дека во вториот квартал ќе ја зголеми цената на гасот за Украина на 385,5 долари за 1.000 метри кубни. Цената во прво тромесечие, изнесуваше 268,5 долари. Со оваа одлука Украина го загуби попустот на цената за гас кој го договори со Русија минатата година, пред почетокот на политичката криза во Киев, која заврши со смена на украинскиот претседател Виктор Јанукович и присоединување на украинскиот полуостров Крим кон Русија.

Најголемиот руски производител на природен гас, компанијата „Газпром“, денеска соопшти дека во вториот квартал ќе ја зголеми цената на гасот за Украина на 385,5 долари за 1.000 метри кубни. Цената во прво тромесечие, изнесуваше 268,5 долари. Со оваа одлука Украина го загуби попустот на цената за гас кој го договори со Русија минатата година, пред почетокот на политичката криза во Киев, која заврши со смена на украинскиот претседател Виктор Јанукович и присоединување на украинскиот полуостров Крим кон Русија. Според генералниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер, украинскиот долг за рускиот гас моментно изнесува 1,7 милијарди долари.
