Димитров: Северна Македонија не е подготвена да почне преговори со ЕУ

07.12.2021 14:49

Бугарија сака да ја види земјава да влезе во Унијата, но секогаш има едно „но“...

Северна Македонија не е подготвена да почне преговори со Европската унија, изјави за Бугарската национална телевизија, Ангел Димитров, копретседател на заедничката мешовита комисија. Вели дека Бугарија сака да ја види земјава да влезе во Унијата, но секогаш има едно „но“.

„Северна Македонија не е подготвена да почне преговори со Европската унија. Сакам да кажам дека е подготвена, но не гледам причина за тоа. Бугарија сака да ја види земјата да влезе во ЕУ, но секогаш има едно „но“, што се одредува од подготвеноста на земјите кандидатки“, вели Димитров.

Во четврток нов состанок на заедничката Македонско-бугарска комисија.

„Ќе разговараме за тоа што го зборуваме пет седници по ред. Заглавени сме во 10- 11 век, крајот на првото бугарско кралство, времето на Цар Самоил и неговите наследници. Не остана време да разговараме за заедничкото чествување на Гоце Делчев. Има неподготвеност од страна на РСМ да работи според принципите карактеристични за секоја наука“- додава Димитров.