ИЈЗ

Намален бројот на нови случаи со Ковид-19

07.12.2021 15:02

Иако се намалува бројот на новозаболени, има благо зголемување на хоспитализирани во болниците, информираат од Институтот за јавно здравје.

Од 29-ти ноември до 5-ти декември, регистрирани 2.275 нови позитивни случаи на Ковид-19, со што бројот на заразени во однос на претходната недела е намален за 17,3 проценти.

Иако се намалува бројот на новозаболени, има благо зголемување на хоспитализирани во болниците, информираат од Институтот за јавно здравје.

Се намалува и бројот на реинфекции. Минатата недела се регистрирани 40, односно 9,1 процент помалку во однос на претходната. Има намалување и на смртните случаи предизвикани од Ковид-19.

Новиот сој на коронавирусот, Омикрон, кај нас засега не е регистриран. Надлежните апелираат на помасовна вакцинација. Во земјава, имунизирани 39 проценти од популацијата.