НАТО отворената политика и натаму со предуслови
САД ја поддржуваат политиката на НАТО за проширување за сите европски држави кои ја преземаат одговорноста и обврските за членство, пишува во ссопштението на американскиот Стејт Департмент, испратено до медиумите од државниот секретар Џон Кери. Проширувањето е придонес кон безбедноста на евроатлантската област, а предизвикот е мир и целовитост на Европа, порачува Кери.

САД ја поддржуваат политиката на НАТО за проширување за сите европски држави кои ја преземаат одговорноста и обврските за членство, пишува во ссопштението на американскиот Стејт Департмент, испратено до медиумите од државниот секретар Џон Кери. Проширувањето е придонес кон безбедноста на евроатлантската област, а предизвикот е мир и целовитост на Европа, порачува Кери. Новите членки на од НАТО од Централна и Источна Европа, како и нашите сојузници се покажаа на терен во Авганистан со исклучителна пожртвуваност, се вели во соопштението по повод годишнините од приемот на 12-те членки на НАТО од Европа. Македонија е примена во Партнерството за Мир во 1999-та, од кога се смета дека е и поднесено барањето за прием во Алијансата. И по 15 години, нашата држава не е полноправна членка поради предусловот за решение за името, преседан направен на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008-та.
Зоран Богатинов
