Свет
Германија: Потпишан коалицискиот договор, утре нова влада
07.12.2021 15:25
Лидерите на трите партии се собраа во Берлин за да ја официјализираат првата трипартиска коалиција досега, што следува по неколкунеделни преговори.

Социјалдемократската партија, Зелените и Слободните демократи го потпишаа коалицискиот договор и го отворија патот за формирање нова германска влада.
Лидерите на трите партии се собраа во Берлин за да ја официјализираат првата трипартиска коалиција досега, што следува по неколкунеделни преговори.
На утрешното гласање во Парламентот, Олаф Шолц од СПД треба да ја преземе канцеларската функција кога ќе заврши 16-годишната ера на Ангела Меркел. СПД ќе има седум министри во новата влада, Зелените пет, а ФПД четири, кои исто така утре ќе бидат потврдени.
