Битолскиот универзитет го чествува својот патрон Св. Климент Охридски
Формиран како втор во земјава, универзитетот „Св. Климент Охридски“ 42 години ја негува мисијата на својот патрон за високото образование и за развојот на една опшествена заедница која цели кон високите европски вредности. Последниве две години за 15 проценти е зголемен интересот на студентите. Интересот најголем за техничките науки. За експертите од оваа висока научна установа, меѓународните истражувачки проекти стануваат сѐ поголема цел...

Како второ формиран универзитет во земјава веќе 42 години ја следи мисијата на својот патрон да се создаваат кадри со висока наобразба. Годинешнава генерација на најдобри студенти ја предводи дипломираниот економист со просек десет, Венера Плушковска. Вели дека уште од почетокот си зацртала да има цврста основа за нејзиниот професионален развој.
Универзитетот има три мисии- да образува, истражува и да ја развива заедницата во која делува. Кога е во прашање образованието, последниве две години за 15 проценти е побогата уписната политика, велат од ректорската управа.
На 12 единици на Универзитетот, распоредени се околу 300 експерти. Ако се суди по тоа дека на последниот домашен конкурс бевме втор универзитет по добиени проекти, тоа говори дека најголем дел од нив освен преку предавање сакаат своето знаење да го имплементират и на друг начин.
Ректорот Коруновски вели дека тие се единствениот универзитет кој што направи последователна надворешна еволуација од Европската асоцијација на универзитети по што се добија и насоките кои нудат развој.
Стевче Митревски
