Победа за Атланта, врвот за Мајами

01.04.2014 12:30

Перо Антиќ реализира само 2 поена за 21 минута на паркетот со лоша вкупна реализација, но Атланта ја прекина низата од 6 порази со победата против Филаделфија (103:95). Шампионот Мајами ја презеде лидерската позиција на Истокот, од Индијана.
 
Нашиот интернационалец го дополни учинокот со 4 скока и со 2 асистенции. Антиќ шутираше со учинок 1/8 од поле. Во неговата екипа, најдобри на мечот беа Милсап со 28 поени и Вилијамс од клупата со 22. Овој триумф беше скромна 7 победа во последните 27 настапи на Атланта. Дополнителен проблем, освен слабата форма за Хокс, е нагорната линија на формата на Никс, кои што со победата против Јута (83:92) им дишат во врат на Перо Антиќ и колегите.
 
Мајами се враќа на позицијата што му припаѓа на најдобриот тим во НБА лигата. Хит триумфираа против Торонто (93:83) и ги престигнаа Пејсерс во Источната конференција, кои што загубија од Спарс (77:103). Леброн Џејмс постигна 32 поена, имаше и 7 прифатени топки со 8 додавања. Во редовите на Сан Антонио, Тони Паркер беше лидер со 22 поена, во 18 победа во низа за нов клупски рекорд на екипата на Грег Попович.
 
На другите средби: 
 
Денвер – Мемфис 92:94
Детроит – Милвоки 116:111
Њу Орлеанс – Сакраменто 97:102
Минесота – ЛА Клиперс 104:114
Шарлот – Вашингтон 100:94
Чикаго – Бостон 94:80